Ништо невообичаено да се упати честитка за веридба, женачка, но кога станува збор за 74-годишниот поглавар на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ) Реисот Сулејман Реџепи и неговата 50 години помлада вереница 24-годишната Емина Јетиши, тогаш тоа е настан. Непосредно пред Фитр Бајрам медиумите беа полни со неофицијални информации дека по втор пат се оженил Реисот и тоа со 50 години помлада девојка. Веста ја следеа фотографии од свечениот чин, меѓутоа, засега во јавноста официјална потврда од Реисот или ИВЗ, нема.
Меѓутоа, вчера на крајот од изјавата на Сулејман Реџепи, на заминување новинар на македонски јазик му се обрати на Реисот:
„Честитаме Реис, за веридбата посебно! Со среќа!“, му рече новинарот.
Реисот му одговори: „Благодарам! Благодарам!“
(видео:ТВ 21)
Албанските медиуми веќе објавија дека Риесот ја официјализирал врската со младата Емина пред два месеци. Реџепи е вдовец веќе четири години, додека Емина Јетиши е мајка на мало дете.