Затвореник во затворот „Идризово“ починал во саботата вечер на Клиниката во Скопје, соопшти полицијата.
Вчера од скопското СВР беше објавено дека 58-годишниот затвореник, од Скопје, кој ја издржувал казната во затворот „Идризово“, починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој бил донесен на Клиниката на 4 мај со здравствени проблеми, а починал откако се влошила неговата состојба.