Јувентус ја одреди цената за Гонзало Игуаин, интересот е голем – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/20 5:42 PM

Јувентус ја одреди цената за Гонзало Игуаин, интересот е голем

Јасно е дека во Јувентус летово ќе се случат големи промени, а првиот чекор кон нив ќе биде продавањето на Гонзало Игуаин. Неговото време во Јувентус и воопшто во Италија, се чини дека е завршено. Цената која Јувентус ја бара за услугите на аргентинскиот напаѓач е 18 милиони евра.

Ривер Плејт и двоецот од Премиер Лигата, Волвс и Њукасл, дел се од екипите кои сакаат да го доведат поранешниот најдобар стрелец во Сериа А во нивните редови.

„Бјанконерите“ во 2016 платија за него 90 милиони евра. Тој возврати со 63 голови во 139 натпревари. Сепак, работите за Игуаин во дресот на „Старата дама“ не одеа како подмачкани.

Цената за Гонзало Игуаин не е превисока, затоа што неговиот договор истекува следното лето и Јувентус сака да земе одредена сума на пари, пред тој да го напушти клубот како слободен играч.