(ВИДЕО) Ковид-19 од денес го прогласувам за умрен, рече реисот Сулејман Реџепи, откако вчера се ожени за 50 години помлада жена – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/20 12:46 PM

(ВИДЕО) Ковид-19 од денес го прогласувам за умрен, рече реисот Сулејман Реџепи, откако вчера се ожени за 50 години помлада жена

Реисот Сулејман Реџепи денес во изјава за медиумите пред  џамијата Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бакјрам и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов.

-Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам  дека е умрен од денес . Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас.  И кога е Господ е сонас ние се чувствуваме најсилни во светото, рече  меѓудругото реисот.

За него вчера беше не само убав ден во пресрет на празникот, туку и убав за приватниот живот. По втор пат се ожени и тоа за 50 години помлада девојка. Избраничката на неговото срце, како што пишуваа албанските медиуми е Емина Јетиши (24), која е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има ќерка од претходниот брак.

Реисот Сулејман Реџепи (74) пред четири години ја изгуби сопругата. Албанските медиуми вечра побараа детали од веселбата, но освен што потврдиле дека е точна женидбата на реисот, повеќе детали нема да објавуваат бидејќи станувало збор за приватна работа.

Погледнете ја изјавата на реисот: