Утрово го посетив Иван, буден е и се чувствува добро, рече Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/20 9:47 AM

Утрово го посетив Иван, буден е и се чувствува добро, рече Филипче

Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче

-Иван изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им поскаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации, рече Филипче.