360 степени:Испукани 100 куршуми во престрелката во Бутел – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/20 8:56 PM

360 степени:Испукани 100 куршуми во престрелката во Бутел

Во оружената престрелка што попладнево се случи во скопската општина Бутел биле испукани преку 100 куршуми, а околу 20 чаури се најдени на самото место, дознава „360 степени“.

Лицето кон кое било пукано го пријавило случајот во полиција и посочило дека меѓу напаѓачите препознал двајца браќа од Сингелиќ.

Напаѓачите пукале со автоматско оружје од автомобили.

МВР го потврди случајот.

Од МВР за МИА информираат дека О.И. посочил дека препознал дела од напаѓачите.

Инаку, било пукано од „фолксваген пајтон” сива боја и „ауди 4″ црна боја, од страна на неколку лица.