Утре на Фитр Бајрам, џамијата во тетовско Порој ќе остане затворена. Така одлучи имамот Максут Абази. Смета дека епидемијата и верата не треба да одат заедно. Така вели Пророкот Мухамед: кога во едно место се појавува епидемија, не влегувајте во неа, а ако сте таму, не излегувајте оттаму, вели Абази.
– Ја донесов оваа одлука за да не дозволам вирусот да се шири кај моите сограѓани. Џамијата е Божја куќа, верникот кога доаѓа да се моли во џамија треба да биде слободен, вели имамот Абази и додава:
– За мене не е во ред да им кажам на верниците да мијат рацете, да ги дезинфицираат рацете и да држат социјална дистанца. Додека не се отворат училиштата, мислам дека и џамиите исто така треба да покажат солидарност со образовните институции, здравјето на верниците е пред сè. Од вестите дознав дека поголемите муслимански земји од нашата земја, Турција, Саудиска Арабија и други, неколку дена воведоа полициски час за да спречат ширење на вирусот. Можеби ќе бидам критикуван и ќе ме пцујат за оваа одлука, но меѓу верниците ќе има и такви што ќе ме разберат правилно“,изјави Максут Абази, имам на џамијата во село Порој.
АлсатМ