Новинарот од Варна, Бугарија, Георги Александров, бил пронајден мртов во петокот, објави бугарската телевизија Нова. Новинарот бил пронајден удавен.
Сè уште не е објавена официјалната причина за смртта, бидејќи истрагата е во тек. Телото е пронајдено во пределот на неисправната цевка на езерото Варна.Случајот е предаден на обвинителството.
Александров работел за Дарик радио, бил дописник за бТВ и Нова ТВ.
Според непотврдени информации, тој бил во областа поради новинарска истрага за силното загадување во заливот Варна, што предизвика протести на граѓаните.
Бугарската Комисија за енергетика и регулатива за вода започна со увид по сигналот за загадување на заливот Варна со отпадни води, поради пробиен подводен цевковод под притисок.
Не е прв пат новинар во Бугарија да загине под мистериозни околности. Последните новински извештаи за насилна смрта на новинар датираат од 2018 година, кога телицизиската новинарка Викторија Маринова, беше брутално убиена и силувана во нејзниот орден град Русе.