Загина мотоциклист во Гевгелија по судар со трактор – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/20 3:07 PM

Загина мотоциклист во Гевгелија по судар со трактор

Пред околу три часа во сообраќајна несреќа на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија животот го загуби 73 годишниот З.П. од Гевгелија.

Во моментот на несреќата загинатиот управувал мотоцикл со кој, според очевидци, од споредна уличка излегол на улицата „Јосиф Јосифовски“ токму кога на тоа место поминувал тракторот со кој директно се судрил и настрадал.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од сообраќајна полиција и јавен обвинител од Основниот суд во Гевгелија.

 

МИА