Разочарани што владата на својата вчерашна седница не одлучи на полициските службеници да им додели парична награда линерано по 15.000 денари, Независниот полицискиот синдикат денеска на прес конференција му се обрати на својот поранешен министер, а сега премиер Оливер Спасовски. Синдикатот смета дека во оваа ситуација на интезивна работа на полицијата, паричната награда од 15.000 денари е симболичен надомест за ангажманот.
-Сметаме дека барем останало малку траг од времето кога бевте прв човек во МВР и веруваме дека знаете кои се ризиците со кои секојдневно изминатиот период се справуваат полицајците. Од вас произлезе паролата „Задоволна полиција, безбедни граѓани“, секако граѓаните се безбедни, но дали имаме задоволна полиција? Време е да се запрашаме. Додека бевте министер велевте дека сте задоволен од работењето на полицијата. Од вашата одлука зависи дали ќе се донесе или одбие понудениот додоток. Затоа на следната седница исправете ја вчерашната неправда и доделете го тој симболичен и така премногу мал додаток од 15 000 денари за досегашното работење на полицијата. Вие сте на потегБараме вчерашната одлука на Владата да се преиспита и сумата од 15 000 денари да им биде исплатена на полициските службеници како морална сатисфакција за својот труд, кој секојдневно го вложуваат на терен. Веруваме дека грешката е ненамерно направена и дека ќе биде исправена“, рече Дејан Саздов.
Уредба која предвидува паричен надомест од 15 000 денари, ја достави техничкиот министер Чулев, што премиерот Оливер Спасовски го оцени како „гол популизам“.