Сончево со мала до умерена локална облачност и со максимална температура до 25 степени. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ=7. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и в среда.