Српските власти усвоија препорака фестивалот Егзит, наместо во јули да се одржи кон крајот на август, бидејќи тогаш се очекува стивнување на пандемијата со коронавирусот.
– Усвоивме препорака Егзит да се одложи за август, бидејќи до тогаш ќе биде целосно мирна ситуацијата во цела Европа, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека целта на препораката е фестивалот да се помести, а не да се откаже.
Егзит се одржува 20 години, а произлезе од студентското движење против поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ.
Оваа година на фестивалот требаше да настапат Дејвид Гета, Тајга, Џејмс Артур, Борис Брејча и други звучни имиња.