На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд, беше одлучено на денешната 56-та владина седница.
Од Владината прес-служба наведоа дека, исто така, со Уредбата се регулира и работата на Стручната служба, која може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.