Основниот кривичен суд – Скопје за виновна за делото „ Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од кривичниот законик.“ ја прогласи дадилката, која во ноември, минатата година, беше снимена од видео камера како тепа дете, кое и’ било доверено на чување. Дадилката, која беше осудена од целата македонската јавност, ја признала вината прес Судот.
Според обвинението, „обвинетата на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство“.
Пресудата не е правосилна и на осудената и’ останува можноста за жалба пред Апелациониот суд.