Тврдењето на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, дека е прислушувано и следено раководството на опозициската партија, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, не можеше да го потврди. При неговиот престој во Струмица, Чулев рече дека до МВР нема стигнато пријава.
-До сега до МВР нема дојдено пријава дека е прислушувано раководството. Доколку дојде, согласно оперативните процеедури ќе постапиме и ќе го информираме и Јавното обвинителство, одговори Чулев.
Чулев беше прашан дали тој како министер за внатрешни работи имам такви сознанија, Чулев одговори:
-Немам сознанија, значи нема добиено пријава за прислушување или следење на политички претставници, изјави Чулев.
Во однос на барањето за наградување на полициските службеници, Чулев кажа дека доставил уредба до Влада за линеарно наградување на полициските службеници за целокупниот досегашен придонес во здравствената криза.
-Не е само награда туку и мотивација. Сметам дека владата има ресурси да ја даде оваа награда, исто како што беше одобрено за здравствените работнтици, кажа Чулев.
Треба да има олабавување и отстапки во празничниот карантин, смета министерот Чулев, кој останува на ставот дека во тие 58 часа да има одредени прозорци, делови од денот, на пример до 14 часот, што е поволно за граѓаните и нивната ментално физичка сосојба, да може да се движат и да завршат некоја работа.