Пејачката Нивес Целзиус(37) за Ин Магазин изјавила дека се уште е слободна, а на гостувањето прозборела и за односот со својот поранешен сопруг, некогашниот фудбалер на „Динамо“, Дино Дрпиќ (38).
-Со таткото на моите деца сум во однос каков треба да имам, најдобар можен. Без оглед на тоа што често ми иде на нерви и ми иде очи да му ископам, а веројатно и тој на мене, тоа е вистинската личност кому би му се обратила ако се најдам во некаква ситуација и ми треба помош. Единствено таа навика ми остана од периодот на бракот кога несебично се сакавме, рекла Целзиус.
Таа кажала како со Дино останале добри пријатели и дека заеднички се грижат за нивните деца Леоне (14) и Таиша (12).
Таа неодамна на социјалните мрежи се пофалила како го нашла својот леопард венчален фустан , кога во 2005 година се омажила за фудбалерот во Лас Вегас. Се разведоа после девет години брак.
Извор: 24sata.hr