Турските власти отвориле истрага откако во Измир е хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии е поштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“, објави Плусинфо.
Антифашистичката химна е емитувана вчера попладне наместо повикот за молитва, кој се емитува пет пати во денот, а снимката е објавена и на социјалните мрежи.
Локалниот огранок на турската власт задолжен за верски прашања на Твитер го потврдил инцидентот и најавил отворање на истрага и пријава во полиција.
– „Бела чао“ е емитувана откако непознати лица го саботирале и хакирале системот за повик на молитви – се прецизира во соопштението.
Обвинителството во Имир отворило истрага за инцидентот која ќе ги опфати корисниците на социјалните мрежи кои се осомничени за „негирање на верските вредности“, информира агенцијата Анадолија. Портаролот на владеачката партија Омер Челик на Твитер „остро го осудил“ инцидентот и навел дека сторителите ќе бидат откриени.
Инцидентот се случил во текот на Рамазан, мислиманскиот месец на пост, и во моментот кога џамиите се затворени поради пандемијата на коронаврусот.
İlginç zamanlar yaşıyoruz. Camii minaresinden Çav Bella dinliyoruz. 😳 pic.twitter.com/ueiUHnHND1
— villelune (@villelune) May 20, 2020
извор-Плусинфо