Алија и Зијадини се сомнителни за мене од здравствен аспект. Вака лидерот на ДПА Мендух Тачи се пошегува во одговорот на новинарско прашање зошто тој не присуствува на лидерските средби кај претседателот на државата Стево Пендарвски за датумот на изборите, објави Плусинфо.
– Тоа беше шега. Мој и став на ДПА уште од првата средба со претседателот, се сеќавате дека средбите со претседателот претставуваат компромитирачка слика за албанските политички сили, две македонски партии, додека 5 -6 албански. Ова го вклучува претседателот, кој сака да манипулира, кој не ги почитува бројките, не ја почитува репрезентативноста и на таа средба реков дека не сакаме да учествуваме во овој маскембал на албанската политика. Но должни сме во оваа ситуација на пандемија да бидеме присутни за да не создадеме мислење кај граѓаните дека нѐ не интересира да придонесеме. Компромисот е дека на средбите се присутни потпретседателите или генералниот секретар на партијата Орхан Ибраими, Азем Садику, Фримзин Даути и Сали Ајдини. Ова се нашите позиции – рече Тачи.
извор-плусинфо