(ВИДЕО) Место молитва „Бела чао“ се пеела од минарињата на џамиите во Измир – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/20 7:20 PM

(ВИДЕО) Место молитва „Бела чао“ се пеела од минарињата на џамиите во Измир

Турските власти покренале  истрага откако во Измир е хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии е пуштана италијанската антифашистичка песна “Бела чао”. Песната е емитувана вчера попладне место повик за молитва, кој се емитува по пет пати во денот, а оваа снимка е објавена на социјалните мрежи.

Локалните власти задолжени за верски прашања  го потврдија на Твитер овој инцидент и најавија отворање на внатрешна истрага и поднесување на пријава во полиција

“Бела чао” е емитувана откако непознато личности саботирале и го хакирале системот за повик на молитва, пишува во соопштението.

Судот во Измир отворил истрага за инцидентот, кој ќе ги опфати корисниците на социјални мрежи осомничени за „негирање на верски вредности“, јави агенцијата Анадолија.

Портпаролот на партијата на власт Омер Челик на Твитер остро го осудил инцидентот и навел дека сторителите ќе бидат пронајдени.

Инцидентот се случил во ек на Рамазан, муслиманскиот месец на пост, и во момент кога џамиите се затворени поради пандемијата.

 

Текст: alo.rs