Новите 10 позитивни случаи на коронавирус во тетовско го зголеми бојот на кластери на плус 3 или од почетокот на пандемијата досега имаме вкуно 25 кластери во овој регион.
Новозаразените пациенти, а со тоа и новите кластери се резултат на непочитување на здравствените препораки на властите, но и се поголемиот број на семејни групирања, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.
Граѓаните не ги почитуваат препораките на властите, голем дел од нив не носат заштитна опрема и не одржуваат физичка дистанца. Тие сметаа дека мерките треба да олабават и животот да се врати во нормала.
Инаку од почетокот на пандемијата заклучно денешниот ден во тетовско има евидентирано 161 лице заразено со Ковид 19, од кои 73 се се уште активни.