За фрлање употребена зашитна маска и ракавици 300 евра казна – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/20 3:29 PM

За фрлање употребена зашитна маска и ракавици 300 евра казна

На јавните површини се почесто се  забележуваат фрлени употребени заштитни маски, особено оние кои се за еднократна употреба или ракавица. Фрлените маски и ракавици во најскоро време би можело да донесе и парична казна за неодговорните граѓани, а некои земји во светот веќе и го најавуваат- тоа неодговорното однесување ќе биде казнувано.

Ерик Пуже,  претставник од округот Алпес-Маритимес  во Франсцуското национално собрание, е загрижен поради големото количество на овој потенцијален здравствен отпад на јавни површини низ француските градови, па предложи да се воведе казна од 300 евра.

Тој вели дека не постои оправдување за неодговорното фрлање на заразен отпад и смета дека  само висока парична казна многумина би ги натерала да се однесуваат одговорно, пренесува ekovijesnik.hr tekst France 3.

Голем проблм претствуваат хируршките маски, кои се расфрлани по јавните површини, а како наведува Plastick Attack France, за нивното разградување во природата е потребно и до 450 години.

Пуже предложил лошото однесување на поединци стого да се санкционираат, бидејќи претставува голем ризик за здравјето на луѓето и заштита на околината.  Тој на Твитер објавил неколку фотографии од фрлени маски и ракавици, кои ги снимал.

Француското законодавство во моментов предвидува парична казна од 68 евра за граѓаните  кои се фатени да ги валкаат јавните површини и околина, но Пуже смета дека тоа е малку во однос на штетата која може да ја предизвика фрлањето  веќе користени маски и ракавици, па затоа предлага на локалните власти и комуналната полиција им се дадат поголеми овластувања, а како помош у предупредување за идентификација на прекршителите се користи видео надзорот.

Француското Министерство за еколошка транзиција и солидарност свесно е за овој проблем, па објавило препораки за користење и правилно фрлање на заштитните маски и ракавици.

По употреба маските и ракавиците би требало да се стават во посебна кеса за ѓубре и затворена да се чува следните 24 часа. Жесата треба да се фрли со остатокот на мешаниот комунален отпад, но не треба да се меша со пластичните и картонските амбалажи.

Текст: rtv.rs

Фото: happytv.rs