Во аукциската куќа „Кристи“ во Париз се одржа електронска ждрепка за сликата „Nature Morte“ на Пикасо, која, според организаторите, вреди еден милион евра. Победник е Италијанката Клаудија Боргонo. На ждребувањето биле продадени повеќе од 50.000 билети по цена од 100 евра, во повеќе од сто земји.
Организаторите соопштија дека среќниот билет во Италија го купило некое друго лице, кое во декември билетот и’ го подарил на Боргоно.
Акцијата имала хуманитарен карактер, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за помош на села во Камерун и Мадагаскар.