Актерот Борис Исаковиќ ќе го игра Слободан Милошевиќ, а Мирјана Карановиќ ќе ја глуми Мирјана Марковиќ, сопругата на Милошевиќ, во серијата што ќе зборува за последните денови пред апсењето на некогашниот претседател на Србија и еден од главните актери во распаѓањето на СФРЈ и воените судири.
Снимањето на серијата од пет епизоди на режисерот и сценарист Бојан Вулетиќ требаше да почне во април, но, поради коронавирусот, е пролонгирано и веројатно ќе почне на 11 јуни, дознава „Нова С“, а пренесува „Ослобоѓење“.
Чедомир Јовановиќ, еден од актерите на апсењето на Милошевиќ и неговото испорачување во Хаг во 2001 година, би требало да се појави во една епизодна улога во серијата.