Новак Ѓоковиќ, наместо за Србија, ќе игра за Монако? – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/20 9:37 AM

Новак Ѓоковиќ, наместо за Србија, ќе игра за Монако?

Бенјамин Балерет, поранешен професионален тенисер, во интервју за француски „Л’Екип“ тврди дека првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, сака да и’ се приклучи на репрезентацијата на Монако.

„Новак лично ми рече дека би и’ се приклучил на нашата репрезентација во Девис купот. Тој го сака Монако и сака да помогне. Ѓоковиќ кај нас поминува доста време, а ни’ помогна и во реновирањето на терените“, рекол Балерет за францускиот весник, а пренесуваат повеќе хрватски медиуми.

Ѓоковиќ од 2007 година е жител на Монако, даночната оаза во која се пријавени многу спортски и други ѕвезди.

Не треба посебно да се споменува дека ваквата најава посебно одекна во Србија, па српскиот портал „Блиц“ стави наслов – „шокантна изјава што го раздрма светот“, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

Колку во ова има вистина и дали евентуално таквата одлука на Ѓоковиќ нема да се коси со правилата на ИТФ ќе се знае многу брзо.