И Македонци на крузерот што утрово вплови во Дубровник – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/20 8:59 AM

И Македонци на крузерот што утрово вплови во Дубровник

Во дубровничкото пристаниште Груж утрово вплови крузерот „Карнивал магиц“ од кој треба да излезат 756 членови на посадата, меѓу кои има и луѓе од Балканот. По избивањето на пандемијата на коронавирусот, посадите на крузерите низ светот речиси се заложниици на бродовите во морињата.

Помеѓу ститиците поморци од целиот свет, кои два месеца останаа изолирани во морињата и океаните, поголемиот дел членови на посадата на крузерот што вплови во Дубровник се од Украина и од Рманија, но има и државјани на Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија, објавуваат хрватските едиуми.

Крузерот веројатно во Дубровник ќе остане два дена, а од попладнево ќе поченле чартер-летови за членовите на екипажот да се вратат во своите земји.