Во близина на Москва, главниот град на Русија, при слетување вчера се урна воен хеликоптер од типот „MИ-8“. Во несреќата животот го загубија тројцата членови на екипажот.
Во соопштението што го објави руското Министертство за одбрана се наведува дека во близина на населеното подрачје на местото Клин, кај Москва, за време на лет за обука со воен хеликоптер од типот „MI-8“ дошло до остро слетување при што леталото се урнало.
Според првичните проценки, техничка грешка најверојатно е причина за несреќата.