Време: Денес врнежливо и топло, утре само до +23 – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/20 5:58 AM

Време: Денес врнежливо и топло, утре само до +23

Променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди и со максимална температура до 31 степен. Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен. УВ=7. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре ќе има значително заладување, а ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, а дневната максимална температура се очекува да достигне само до 23 степени. Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.