Со компромитирачка содржина уценувана малолетничка од Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/20 7:40 PM

Со компромитирачка содржина уценувана малолетничка од Тетово

Вчера 13.00 часот во ПС Тетово,  44-годишна жена од Тетово пријавила дека преку кориснички профили на социјалните мрежи нејзината малолетна ќерка, била уценувана – доколку не му исплати одредена сума на пари на уценувачот, тој ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Истиот ден во 14.30 часот на улица „Штипска” во Тетово од слобода бил лишен 16-годишен малолетник Тетово, кој се сомничи дека е извршител на пријавеното дело.                                            

Два часа подоцна,  на регионалниот пат Тетово-Требош, , полициски службеници од СВР Тетово  лишиле од слобода 21 годишник од село Палатица 21 годишник од село Требош затоа што при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана, додека кај другото бил пронајден метален боксирач. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во текот на вчерашниот ден на локалниот пат за село Палатица, во непосредна близина на подвозникот кај Желино, полициски службеници од СВР Тетово  лишиле од слобода тројца 19 годишници еден 18 годишник и еден 16 годишник, сите од село Боговиње, , затоа што при преглед кај лицата била пронајдена марихуана, додека при преглед на возилото била пронајдена дробилка. Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Вчера е регистриран и физички напад во гостиварското село Неготино.

 Се случила и сообраќајна несреќа на локалниот пат с.Фалише – Тетово, Возило на 23 годишник од Тетово, изгубило контрола и удрило во електричен бетонски столб. По незгодата, 36 годишниот сопатник бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Со телесни повреди се здобиле и другите сопатниците од истото возило. Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Во изминатите 24-часа, 17 лица не ја почитувалe одлуката за ограничено движење, на подрачјето на СВР Тетово.

Во овој период се регистрирани 23 нови лица од Тетово кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат. Исто така, откако е донесена одлуката за задолжително користење на заштитни маски  за вкупно 301 лица се преземени мерки, поради непочитување на наредбата.