По кавга за сообраќајот во село Глумово, го нападнеле двајца додека шетал со свршеницата – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/20 1:57 PM

По кавга за сообраќајот во село Глумово, го нападнеле двајца додека шетал со свршеницата

Вчера во 17часот во СВР Скопје, Д.Н.(32) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот, додека бил со неговата вереница Г.О.(25) од Р.Турција, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, во с.Глумово, скопско, му бил попречен патот од патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегле две лица и почнале да го удираат и оштетуваат неговото патничко возило „јагуар“ со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.