Словенија ги отвори и внатершните делови на рестораните, од денеска работат и градинките и училиштата – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/20 11:54 AM

Словенија ги отвори и внатершните делови на рестораните, од денеска работат и градинките и училиштата

Во Словенија денеска, по двомесечна пауза поради епидемијата, децата се вратија во градинките, а тргнаа на настава и учениците од прво до трето, како и од деветто одделение. Од денеска отворени се и установите за престој и образование на деца со посебни потреби.

Според одлуката на Националниот институт за јавно здравје, воспитувачите и наставниците ќе мора да носат заштитни маски, а просториите треба комплетно да се дезинфицираат неколкупати во  денот.

Од утрово во Словенија се отворени и внатрешните делови на угостителските објекти. Угостителите се жалеа дека само со работата на надворешните делови на рестораните и кафетериите работеле со загуби.

Во Словенија досега се евидентирани вкупно 1.466 заразени со ковид-19 и 104 починати.