Би требало комплексите за телото да останат во пубертетските денови. Тинејџерските денови кај секоја девојка носат несигурности, а некои остануваат и кога ќе созрее во возрасна жена.
Секогаш кога ќе бидете несигурни во себе, запомнете ги овие работи:
Комплексите и срамежливоста не градат самодоверба
Ниту пак арогантното уверување дека сме најзгодни и најубави. Комплексите не водат кон тоа да изградиме став како не сме доволно убави и згодни, а ароганцијата ни го одзема шармот.
Градење на сексуален идентитет
Тоа е во скоп со целиот процес на градење на личноста, а тоа пак е во тесна поврзаност со идејата колку сме убави и привлечни.
За време на сексот опуштете се
Не размислувајте како изгледате, нема добар секс додека потполно не заборавите на себе. Ако се срамите нема да се опуштите, а доколку сте арогантни нема да можете вистински да уживате.
Убавината се мери во самодоверба
Не во сантиметри, килограми, боја на очи туку во зрачењето самодовербата. Ако веруваме во себе ќе бидеме убави во секоја поза и од секој агол.
Жената која ужива е најубава
Исклучете се од сè, ниту се сликате за магазин, ниту позирате. Уживате во прочистување на мозокот и во спојувањето на двата духа. Тоа треба да ве ослободи, реинкарнира, а не да ви предизвикува стрес.