Несекојдневна слика од босански пат: Му испаднала кравата од комбито, продолжил да вози без да забележи – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/20 10:04 AM

Несекојдневна слика од босански пат: Му испаднала кравата од комбито, продолжил да вози без да забележи

Возач од својот автомобил успеал да сними необичен призор од пат кај Сребреник, БиХ, а сликите се најдоа и во повеќе балкански медиуми. Пред него маж управувал со комби во кое транспортирал крава. Задната врата на комбито, не била добро затворена, па кравата прво ја подала главата низ прозорецот, потоа вратата целосно се отворила и таа паднала на патот.

Возачот на комбито не забележал ништо и мирно си продолжил со возењето.