Светот не се смирува: Погранична размена на оган меѓу индиската и кинеската војска – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/20 8:29 AM

Светот не се смирува: Погранична размена на оган меѓу индиската и кинеската војска

 

Двете најмногубројни земји во светот разменија оваа седмица оган на кинеско-индиската граница. Ранети се неколкумина војници од двете страни на граничната линија. Судирот меѓу Индија и Кина во деловите од државата Сиким, односно покраината Ксијуанг, како што Пекинг го нарекува подрачјето на Тибет, не е нов. Во последниот случај на отворен судир учествуваа околу 150 војници од двете страни. Во разменета на оган од двете страни на надморска височина од 5.000 метри се ранети четворица индиски и седуммина кинески војници. По неколку часа, договорен е прекин на пукањето од страна на офицери на двете армии.

Кина и Индија никогаш не објавиле војна меѓу себе, иако судирите на нивните војски на граничните линии меѓу Индија, Кина, Непал и Бутан се честа појава. Сепак, еденомесечниот судир што избувна во октомври 1962 година остана официјално забележан како кинеско-индиска војна, па поради тоа и не чудно што во светот се гледа со страв на овие нови „пушкарења“ помеѓу двете земји што располагаат со нуклеарно оружје.