Ленче и Горан Кукиќ, Влатко Стефановски и Горан Алачки по долго време самоизолација решија денот да го поминат во дружба. Местото е Радовиш, во домот на Горан Алачки, кој по потекло е од таму, и која додека трае пандемијата е заедно со мајка му.
-Спрживме пиперки во бакарна тава и радовишки пастрмајлија и тоа под церешата на баба Веса, мајка на татко ми Благој, која ја насадила во 1971 година. Овде е легендарното собиралиште на Алачки. Овде сум бидејќи ја чувам мајка ми, има деменција, и паралелно работам на мојот културен центар во Владимирово, каменот на мојата лоза Алачки, вели Горан.
А како секогаш бива на вакви дружења, не може а да не се прави муабет за музика и за наредни проекти.
-Со Горан и со Ленче го работиме проектот „Лектира“. При крај сме. А Влатко ми е колега и пријател веќе 30 години и дојде на моја покана да подискутираме за идни планови. Освен тоа и Иван, синот на Ленче и Горан свири со него. Тој е еден од најдобрите млади басисти на денешницата а истовремено тон снимател на мојот проект „Лектира“. Разменивме струќни музички видувања и муабети за животот воопшто. Влатко е при крај и на неговиот албум. Наздравувавме на 1.5 метар растојание но за сликање и за јадење ги извадивме маските. Како поинаку ќе јадеш радовишки сомун, кој ќе го пробаат и Јас во Скопје и Иван во Струмица, синовите на Кукиќ и Стефановски. Морам да кажам и дека крајот го краси делото а тоа е виното од Истра што го донесе Влатко, вели Алачки.