Во близина на Житниот пазар во Кичево вчера се случила физичка пресметка помеѓу две лица.
– Вчера во 09:45, на улицата „Маршал Тито”, во близина на Житниот пазар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од У.З.(40) од Кичево врз Ш.Ш. (56) од селото Зајас, соопшти портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР – Охрид информираат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тој, исто така посочи дека во текот на изминатото деноноќие во Кичево и околината сите граѓани ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.
Димоски објасни дека во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.
МИА