Време: Врел викенд – до +34, од понеделник освежување – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/20 6:12 AM

Време: Врел викенд – до +34, од понеделник освежување

Умерено облачно и многу топло – до +34. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска. Слично ќе биде времето и утре.

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината. Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда и дневната температура значително ќе се намали.