Се искарале, па со шише ја удрил сопругата, семејно насилство во Берово – ММС
ММС

Објавено на: 05/15/20 7:04 PM

Се искарале, па со шише ја удрил сопругата, семејно насилство во Берово

Жителка на беровското село Смојмирово е повредена откако нејзиниот сопруг ја удрил со шише. На повредрната е Ф.Џ. која претходно со својот сопруг имале вербална расправија во дворното место, ударот и го нанел  нејзиниот сопруг, по што бил пријавен во полиција.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Џ.(52) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 01.05.2020 во дворното место од семејната куќа, по кратка вербална расправија, пријавениот со шише ја удрил неговата сопруга Ф.Џ. и ѝ нанел телесни повреди, информираат од полицијата.