Нови 14 дена вонредна состојба, прогласи претседателот на државата Стево Пендаровски. Во консулатција со Комисијата за заразни болести на денешниот Совет за безбедност заклучиле дека надлежните институции работат координирано со сите капацитети и ресурси за справување со пандемијата.
Пендаровски вели ситуацијата е подобрена во споредба со изминатиот период. Евидентно е дека стратегијата за справување со корона кризата дава резултати што укажува на тоа како држава добро се справуваме со овој огромен предизвик.
„По широките консултации што ги имав со експерти од повеќе области и со советниците во кабинетот, а пред се врз основа на кажаното и предложеното на седницата, одлучив да прогласам нова вонредна состојба во време траење од само 14 дена, наместо бараните 30 дена“, изјави Пендаровски.
Како најважна причина за оваа одлука, вели претседателот е што на таков начин и се овозможува на Владата да продолжи преку Уредбите со законка сила да овозможува на целокупниот здравствен сектор поуспешно да се справува со пандемијата.