Моден пропуст: Манекенката разочарала со изборот за црвениот тепих – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/18 9:49 AM

Моден пропуст: Манекенката разочарала со изборот за црвениот тепих

Ќерката на Синди Крафорд, 16-годишната Каја Гербер се појавила на доделувањето на модните награди CFDA, а нејзиното издание на црвениот тепих речиси сите модни експерти го оцениле како вистински лапсус.

Доделувањето на гламурозните награди се одржа во Њујорк, а на овој настан присуствувале најголемите ѕвезди од светот на модата.

Наоми Кембел, Џиџи Хадид, Кејт Бланшет и Алесандра Амбросио убедливо привлекле најголемо внимание и добиле позитивни коментари на сметка на својот изглед, но истото не може да се каже за нивната колешка Каја Гербер.

Младата манекенка на црвениот тепих се појавила во широка кошула со прорез кај стомакот која ја искомбинирала со машки боксерки со принт. Прилично необично, зарем не?

Освен тоа, ќерката на супермоделот Синди Крафорд на себе носела црни хулахопки и високи потпетици, а на никому не му било јасно зошто убавата Каја, која досега воодушевуваше со својот моден стил, се определила за ова издание.