Главоболки, висок притисок, малаксаност, па дури и колабирање. Вака се чувствуваат граѓаните деновиве, откако темепратурите нагло се зголемија. Овие температурни осцилации, во кои се чувствува недостаток на воздух, ги натераа лугето да се исплашат за своето здравје, бидејки температурната разлика е повеќе од 25 степени.
Дека деновиве луѓето се чувствуваат така, потврдуваат и од итната медицинска помош, каде само денес до пладне повиците се многу зголемени.
-Луѓето имаат проблем со температурните разлики последниве неколку дена, а особено денес тоа најмногу го чувствуваат. Се жалат на хипертензија, односно зголемен крвен притисок, колапс, влошена здравствена состојба на хроничните болни, главоболки, немање воздух, зашеметеност… Хронично болните велат дека имаат чувство како да не им делува редовната терапија, а сето тоа е знак дека има влијание надворешниот фактор, вели доктор Милица Бубало, раководител на ОЕ, служба за ИМП со домашно лекување при ЗД „Скопје“.
Доктор Милица Бубало
Според неа во вакви состојби луѓето треба да бидат внимателни и да ги препорачуваат советите од лекарите.
-Хронично болните треба редовно да си ја земаат терапијата и без потреба да не излегуваат. Секако сите кои ќе почувствуваат симптомите да се јават кај матичниот лекар или кај дежурните служби. За оние кои се физички активни треба да земаат течности за да не дехидрираат, бидејки потењето е зголемено, додека оние кои не се многу физички активни да пијат течност умрени, колку што е потребно, вели доктор Бубало.
Не толку оптимистичка информација даваат и од Управата за хидрометереолошки работи, од каде велат дека ваквото време ќе се задржи уште неколку дена.
-Овие натпросечни температури ќе се задржат до вторник, а веќе од среда се очекува намалување. Изминативе неколку дена е премногу жешко за овој период од годината, но денешниот ден е најтежок, бидејки се чувствува недостаток на воздух. Од среда се очекуваат грмежи и врнежи. Ова е југозападно струење од Африка. При вакви состојби кога има врнежи го викаат жолт дожд, а бидејки сега нема врнежи песокот е во вид на прашина, што донесува дополнителна тежина, вели Костадинка Арсовска, синооптичар во УХРМ.