Бидете внимателни: ова се знаци дека тој “брка” други на социјалните мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/18 9:44 AM

Бидете внимателни: ова се знаци дека тој “брка” други на социјалните мрежи

Точно е дека технологијата носи со себе многу позитивни работи, но со неа доаѓаат и многу негативни работи за коишто голем дел од луѓето не се свесни.

Изневерувањето на “Фејсбук” е новата болест на модерната ера. Иако честопати ваквиот тип на неверства не завршуваат со физичка интимност, блискоста на вашиот партнер со некој друг се смета за неверство. Доколку се сомневате дека вашиот партнер има нова имагинарна врска на “Фејсбук”, прочитајте кои се симптомите коишто алармираат за ваков тип на неверство.

Секогаш го носи својот мобилен телефон со себе, дури и кога оди во тоалет

Тој не го остава својот мобилен телефон не затоа што не може без него, туку затоа што чувствува дека не е паметно истиот да го остави во близина на вашите раце. Докoлку се сомневате дека постои некоја друга, анализирајте го колку често тој го прави ова. Доколку тој не може да се одвои од мобилниот телефон, веројатно крие нешто од вас.

Паничи веднаш штом ќе му го допрете телефонот

Неговата неконтролирана реакција е знак дека тој се плаши дека ќе откриете некоја негова тајна.

Честопати непознати луѓе му коментираат на “Фејсбук”

Доколку на неговиот профил постојано се појавуваат коментари од непознати жени, а по коментарите изгледа дека тие двајцата добро се познаваат, веројатно тие веќе се запознале разговарајќи на социјалните мрежи.