Неверојатна ретка снимка од највисокиот човек на светот – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/18 9:43 AM

Неверојатна ретка снимка од највисокиот човек на светот

На 22-ри февруари 1918-та година, се родило здраво момче по име Роберт Вадлоу. Нo сепак, никој не можел ни да претпостави дека ова нормално момче ќе биде највисокиот човек во светот.

Неверојатниот раст на Роберт бил напојуван од преактивна хипофизна жлезда. Ова предизвикало неверојатно брзо растење веднаш по неговото раѓање.

На 5-годишна возраст тој носел облека наменета за 17-годишници, бидејќи бил висок 1,63 метри. 3 години подоцна, го надраснал татко му и бил висок 187 центиметри и тежел 90 килограми.

Без сомнение, Роберт бил неверојатно дете, а неговите родители се обиделе да му го направат животот што е можно понормален.

Не му било лесно да учествува во нормални активности бидејќи било потребно да се направат прилагодувања.

Тој го поминал светскиот рекорд за највисок човек на 18 години кога достигнал 2,53 метри.

Сепак, страдал од слабост и недостиг на чувство во нозете и стапалата, па морал да носи бастун кога одел.

Во 1940-та година, лошо наместената протеза му направила рана на зглобот на ногата. Се инфицирала и на 15-ти јули 1940-та година Роберт починал на 22-годишна возраст.

Пред неговата смрт, лекарите ја измериле неговата висина која изнесувала 2,72 метри.

Последните зборови на Роберт биле: „Докторот вели дека нема да одам дома за прославата.“ Ова се однесувало на златната годишнина на баба му и дедо му.

Досега имавме само фотографии од овој необичен човек. Но неодамна се појави и оваа неверојатна видео снимка од него.