Го запалиле возилото затоа што Полицaјците констатирале дека е неисправно – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/20 1:53 PM

Го запалиле возилото затоа што Полицaјците констатирале дека е неисправно

Полициски службеници при контрола утврдиле неправилности на возило, направиле записник, но возачот не сакал да го потпише.Од возилото излегле и сопатниците .Еден од нив се јавил  на неговата ќерка да донесе бензин.Таа донела а тој го испрскал возилото и го запалил.Била повикана ТППЕ а Полицијата ги привела сите.

,,Во текот на вчерашниот ден  11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка. При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело“,информираат од МВР.

Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.