На повидок трампа помеѓу Јувентус и Челзи – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/20 12:25 PM

На повидок трампа помеѓу Јувентус и Челзи

Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо и англиски „Гардијан“, Јувентус е сериозно заинтересиран за италијанскиот репрезентативец и играч на Челзи, Жоргињо. За таа цел тимот од Торино е подготвен да му го понуди Миралем Пјаниќ на Челзи, во директна трампа за натурализираниот Италијанец.

Јавна тајна е дека Маурисио Сари е огромен фан на Жоргињо, кој патем прв го доведе во редовите на Челзи од Наполи, кога беше на кормилото на сините. Неговиот агент неодамна изјави дека Жоргињо е задоволен во Челзи, особено по доаѓањето на Френк Лампард, но од лето работите ќе станат појасни околу неговиот трансфер статус.

Од друга страна пак, Пјаниќ и дефинитивно ја напушта Италија, за него постои голем интерес од повеќе клубови, ПСЖ и Барселона се споменуваат како „најзагреани“ за неговите услуги. Но, со оглед на тешката финансиска ситуација предизвикана од пандемијата на коронавируст, која без сомнение се одрази и врз фудбалот, челниците на Јувентус се обидуваат во помалку и заборавениот трансфер метод, директна замена, да му ја исполнат желбата на Босанецот.