Сопственик на имот во селото Горна Комарица на десетина километри од Крагуевац, Србија, вчера се шокирал кога во својот двор видел како мечка, заедно со своите мечиња, мирно јаде јагне од неговото стадо. Вакво нешто не паметат ни најстарите жители во овој дел на Шумадија, пишува „Курир.рс“.
Вистинска медиумска бомба лани предизвика мечката што првпат во овој крај беше видена по шест децнии. Мечката, која тогаш новинарите ја нарекоа „Шумадинец“, неколку недели се шеташе околу селата во околината на Лапово.
Мечката со мечињата годинава е уште поголема енигма. Единствена планина во близина тука е Бешњаја во која нема мечки, а од каде дошле неканетите гости ќе треба да кажат стручњаците во следните денови.