Идиот: Починала откако намерно на шалтер ја плукнал маж заразен со корона – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/20 8:52 PM

Идиот: Починала откако намерно на шалтер ја плукнал маж заразен со корона

Бели Мујинга (47)  работела на шалтер на железница во југозападен Лондон, кога некој човек, кој и кажал дека е заразан со корона вирус, и плукнал и ги удрил по лице неа и нејзината колешка. За само неколку дена двете жени биле позитивни на тестот.

Сопругот на една од жените опишал како изгледач овој инцидент

-Мажот ја праша што работи тука, таа му одговори дека е на работа. Потоа рече дека има корона вирус и плукна во Бели и во нејзината колешка. Веднаш тоа го пријавија на шефот. Се врати дома и ми објасни што се случило, рекол Лусамбе за британските медиуми.

Бели се пред четири години имала операција, бидејќи боледувала од хронично респираторно заболување.  Во рок од една недела од инцидентот ги пакажала првите симптоми и веднаш била однесена во болница на втори април.

– Тогаш ја видов последен пат. Контактиравме само преку Вибер и од тогаш веќе не се ни чувме.  Помислив дека спие, но докторот набргу ме повика и ми рече дека починала – изјавил несреќниот сопруг.

Бели дошла во Лондон во потрага по подобар живот од Демократска Република Конго уште  во  2000. година.

-Шокирани сме за нејзината смрт – изјавиле надлежните во британската железница.

Но, прашањето кое сите си го поставувале е зошто Бели поради хроничното забплување уште од почеток не е оддалечена од работа? Истрага за инцидентот води британската полиција, и ги молат сите кои ќе го забележат напаѓачот да се јават.

Текст: telegraf.rs