Фатен мигрант со украдено возило – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/20 3:24 PM

Фатен мигрант со украдено возило

Мигрант од Алжил украл возило, но бил фатен во село Саса.

На 11 мај  во 18.00 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса лишен е од слобода О.Н.(24), мигрант од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки. Возилото во СВР Куманово на 11 мај  било пријавено за одземено.

О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот.