Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од коронавирусот како и за останатото население.
-Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција, наведуваат во соопштение.
Предлогот, како што наведува здружението, е заснован врз барања на голем број на пензионери, посочувајќи дека во државата има над 320.000 корисници на пензија.