Средба во луксузниот „Капела“: Јонг-ун и Трамп на 12 јуни на Сентоса – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/18 9:02 AM

Средба во луксузниот „Капела“: Јонг-ун и Трамп на 12 јуни на Сентоса

Средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е договорена да се одржи на 12 јуни во луксузниот хотел „Капела“ на островот Сентоса во Сингапур, прнесуваат од Белата куќа.

Делот од градот каде се наоѓа Министерството за надворешни работи, американската амбасада и неколку хотели, Сингапур денеска ги прогласи за заштитена зона од 10 до 14 јуни.