Куче- љубов е тоа, искрена, бескрајна, чиста…најдобар пријател е тоа… – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/20 8:00 AM

Куче- љубов е тоа, искрена, бескрајна, чиста…најдобар пријател е тоа…

Оние што чуваат куче  знаат каква љубов е тоа. Безусловна и едноставна. Никој нема така да ви се израдува кога ќе се вратите дома. И никој нема да ве „наполни“ толку брзо со некоја убава енергија по напорниот ден, што можеби сте го имале на работа. Живееме збрзан живот, во кој често забораваме на нашите четириножни пријатели.  Постојано трчаме некаде, па ги скратуваме прошетките, ја фрламе топката на „брзинка“ и шетање во паркот на подолго го оставаме за викенд. А времето минува …

Запомнете ги овие 20 реченици, факт е дека на вашето куче вие сте цел негов свет

  1. Не ме игнорирај премногу долго, затоа што јас можеби ќе живеам 10-15 години. Ми се чини дека вечност поминува кога не си до мене и кога незнам каде си.
  2. Води ме на некои нови места каде можам да запознаам нови луѓе и други животни. Отпрвин, можеби ќе се плашам од новите искуства, но ако ми ја држиш шепата, побрзо ќе научам да им верувам на другите, ќе имам поголема самодоверба, затоа што сакам да создавам нови пријатели.
  3. Не ме отфрлај кога ќе пристигнат нови членови на семејството. Тие исто така се мое семејство и јас ќе ги сакам и негувам, исто како и тебе.
  4. Не се лути на мене додека скокам. Те сакам толку многу, што понекогаш се возбудувам кога те гледам. И не можам да дочекам да те прегрнам!
  5. Научи ме нови трикови. Учењето за мене е одлична вежба и го сакам онолку колку што трчам околу паркот.
  6. Не се нервирај и не се откажувај од мене. Јас не го разбирам твојот јазик, но се трудам со сите сили да го научам. Дајте ми малку време да разберам што сакате од мене, бидејќи јас само сакам да те задоволам.

Не го фрлај твојот бес и стрес на мене. Без оглед каков ти беше денот, јас секогаш ќе бидам среќен да те гледам и се ќе направам за да те расположам.

  1. Утеши ме кога сум тажен и исплашен. Секогаш ќе се чувствувам подобро кога сум со тебе. Можеби само ми треба една минута од твоето внимание и ќе се чувствувам подобро.
  2. Без оглед колку си зафатен, обиди се да го поминеш времето со мене квалитетно. На тоа многу се радувам и секоја минута ми значи.
  3. Не ме оставај надвор ако е многу ладно или топло, затоа што не знам каде да се засолнам кога сум во таква ситуација.
  4. Не заборавај ги малите работи што ме прават среќен и здрав. Моите шепи можат да ме болат ако ноктите ми се премногу долги, а мојот „капут“ ќе изгледа подобро ако ме четкаш редовно. Тоа трае неколку минути, а многу ми значи.
  5. Верувај ми. Те сакам со сето мое срце, затоа барам да ми веруваш. Ти си цел свет за мене.
  6. Немој предолго да бидеш лут на мене. Имате работа, пријатели, забава, а јас те имам само тебе.
  7. Зборувај со мене. Можеби нема да ги разберам твоите зборови, но ќе го чувствувам тонот со кој зборуваш.                       
  8. Биди нежен со мене. Свати дека како и да се однесуваш со мене, никогаш нема да то заборавам. Колку повеќе ме сакаш, толку ќе биде посилна нашата врска.
  9. Те молам, немој да ме тепаш. Запомни дека имам само заби кои толку лесно можат да скршат коска, која понекогаш ми ја даваш да ја „глодам“, но јас бирам никогаш да не те гризнам бидејќи те сакам. Ако направам нешто погрешно, не сум го направил тоа намерно, затоа те молам да ми помогнеш да разберам и да научам како да не повторам нешто такво.
  10. Дај ми до знаење кога ќе направам нешто како треба, бидејќи ништо друго не ме прави посреќен. Ако знам што може да ти донесе насмевка на лицето, можеш да се обложиш дека тоа ќе го сторам повторно.                                         
  11. Обрни внимание ако видиш дека нешто не е во ред со мене. Пред да ме наречеш мрзлив, провери дали има нешто што ми мачи. Можеби моето срце остарело, можеби нешто ме боли…
  12. Грижи се за мене кога стареам, исто како што се грижеше за мене кога бев кутре мало. Кога бев мал, многу повеќе време поминуваше со мене милувајќи го моето меко крзно. Моите влакна можеби не се толку меки, и јас можеби не сум мал, ама мојата љубов кон тебе е многу голема.
  13. Дојди со мене на тешки „патувања“. Знам дека ти е тешко, но остани со мене до самиот крај. Сè е подобро и полесно кога си покај мене. И кога ќе дојде тој момент, запомни дека никогаш нема да умрам. Само ќе спијам во твоето срце.
  14. И за крај: Собери го мојот измет на улица, затоа што не можам да го направам тоа сам! Не е убаво некој да згазне на „тоа“.                                           Текст и фото: paszavas.com